“Огнената невеста” денес го доби оскарот на популарноста, а професорот ?

0
555

Денес кога се чини дека привршува политичкиот процес околу нов договор, гледам по социјалните мрежи нешто со кое ај што не се согласувам, туку никако на памет не ми иде споредбата која што дел од социјалдемократите ја прават.

Од едната страна има некоја си невеста што пукала со пушка на сопствената свадба (сосема небитна според мене од причини што денес имавме ново задолжување), ама била секретарка на началник во СВР Битола, а од другата страна на вагата стои оној кој што е “главен виновник” за одличната политичка пол позиција која што ја имаше СДСМ изминатиот период, на професор Зоран Верушевски мислам.

Најпрво помислив дека станува збор за некоја реакција на владеачката партија, или можеби некој забеган текст на куририте, ама не, за жал сватив дека е копи пасте споредба која што некој случајно или намерно побарал да се прави. Станува збор за статус кој се објавува во пакет со прес конференцијата наменета за “огнената невеста”.

Толку брзо ли се заборава кој подаде рака и како феникс ја издигна партијата од пепелот во кој се наоѓаше ?
Каде беше СДСМ пред две години, а каде е сега, очигледно е и сосема јасно дека единствен адут и сламка за спасот беа разговорите кои што ги објавуваше лидерот на опозицијата, а се разбира беа обезбедени од големиот Зоран Верушевски.

Толку брзо ли заборавивте кој е човекот кој што го жртвуваше целото семејство, за да го заштити државниот поредок од забеганоста и аздисаноста на Никола Груевски и дружината ?
Сте се запрашале ли како ги помина 11 месеци зад решетки, сте се запрашале и како помина неговата сопруга, сте се запрашале ли што се случуваше со неговиот попмал син ?

И денес се поставува прашањето ЗОШТО СЕТО ТОА ?
За некои будали кои очигледно имаат испрани мозоци да спинуваат со првичното обвивнение кое се трубеше по провладините медиуми од обвинителниот акт кој беше за наводно поседување пиштол без дозвола, а за потсетување е тоа што истиот е даден на поклон од Министерството за внатрешни работи.

Да разграничиме две работи, прво проф. Зоран Верушевски не беше во притвор за поседување на нелегално оружје, туку станува збор за политички монтиран процес кој пак беше единствена опција за спас на Груевски, така барем стоеше и во неколку соопштенија за јавност и во неколку изјави дадени од обвинетите од случајот “Пуч”.

Второ, до “Огнената невеста” ли ви дојде во сета оваа калакурница ?

Па зарем не гледате или не ви беше ли поважна денес веста за новото задолжување од страна на владата кое што да бидете сигурни дека ние ќе го враќаме со камата … А проф. Верушевски кога тогаш ќе го добие орденот за заслуги во оваа наша мала но според него голема земја.

Една соседна земја има една изрека која вели:
“Не дирај лава док спава, бит че опасно,,,”

Пишува : Виктор Азманоски, уредник и сопственик на порталот ,,РеволуционерМк”