ОВОЈ САМО ШТО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР ОД МВР ГО ПРИВЕДОА : Палевски ја прекрши самоизолацијата-Ќе биде 14 дена изолиран во хотел на свој трошок

0
162

Љупчо Палевски претпладнево беше приведен, како што објавија медиумите, од кафуле во центарот на Скопје заради непочитување на одредбата по влегување во државава да биде 2 недели во самоизолација. Полиција го привела и било утврдено дека тој не ја почитувал одредбата за изолација во неговиот дом и му било издадено решение за 2 седмици изолација во хотел на негов трошок.

Палевски попладнево се огласи на фб и објави дека на 22 мај бил тестиран и повторно на 9 јуни а самоизолацијата ја прекршил оти бил сам дома и отишол да си купи цигари. Пред Веро на 5о метра од дома, тврди Палевски, го сретнал Јохан Елесер,негов стар пријател и седнале да разговараат оти се немале видено 9 месеци.

-Не знаев, вели тој, дека за 20 минути ке се појават 3 возила со, како што пишува, 7 џандари а во кафеаната биле само тој и Јохан.

-Хотелот коректен се ОК ВИП, напиша Палевски на неговиот фб статус. Инаку Палевски 9 месеци беше во екстрадиционен притвор во Белград уапсен по потерница од Интерпол Хрватска за спор со бизнис партнер.

Во Македонија се врати пред 2 дена од Хрватска и требеше да биде во самоизолација во неговиот дом- правило кое важи за секој што влегува во државава заради корона вирусот.