ОВОЈ ПАТ ГО НЕМА ГЛУВАРЧЕТО ШТО РИПА ОД РИДОВИ ПО ПЛАЦЕВИ ДА МУ ПОМОГНЕ – ПРАВНАТА ДРЖАВА ЗА КОЈА СЕ БОРЕШЕ НАРОДОТ ФУНКЦИОНИРА : НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ

0
389

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека е продолжен притворот на Орце Камчев осомничен во случајот Плацеви на Водно. Неговиот адвокат на прес-конференција денес објави дека поднеле барање службената белешка на АНБ да се прогласи за незаконит доказ во постапката, а исто така веќе има поднесено барање притворот да му се замени со поблаги мерки на обезбедување на што судот досега не однел одлука.

„Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена“, соопштуваат од Основниот кривичен суд.