Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

Овој ни триста бајачки не го оправаат, се мрднал со тоа паметот во тоа главата негова диктаторска : Груевски во „мегаинтервјуто“ Сорос го спомнува 53 пати!

Во првите два дела од интервјуто за електронското издание на неделникот „Република“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се пресметува со американскиот милијардер Џорџ Сорос и во разговорот неговото име го споменува дури 53 пати, што пластично изгледа вака:

„Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос“.

Македонија е спомната 37 пати, Албанци – 18 пати, терминот „националист“ – 15 пати, исто колку и СДСМ.

Во „мегаинтервјуто“, Груевски одвојува огромен простор за пресметка со „Сорос и сите милиони што ги истура во Македонија“ и со „корумпирани новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, предводени од професионални протестирачи“.

– Да не беше Сорос со целата мрежа од НВО, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места – вели Груевски во интервјуто со индикативен наслов „Граѓанскиот сектор не смее да остане во рацете на Сорос“.

Според него, граѓанскиот сектор во иднина „не смее да остане само во рацете на Сорос и на странски влади“.

„Сликата за нас дека сме националисти е искривена и невистинита“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вториот дел од божиќното интервју за електронското издание на „Република“.

На тоа дали ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер се националисти или не, му е посветен најголем дел од интервјуто, во кое Груевски прави дистинкција меѓу национализам и шовинизам и вели дека „Сорос и другите сосема неправедно делат етикети за шовинизам на влада и на партија кои се мултиетнички, во земја во која има соживот и толеранција“.

Извор: Мета

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ