Овој мал остров на легенди има 4 жители и 20.000 гробови

0
939
Островот Бардси некогаш бил центар на моќ и едно од најсветите места во Британија, а сега има само четири живи жители кои се тука за време на целата година.

Поголемиот дел од годината на островот времето го поминуваат вкупно девет личности.

Поголемиот дел од жителите денес го сочинуваат околу 300 овци, дваесетина говеда и околу 200 фоки. На островот нема вода, асфалтирани патишта, автомобили, а ни тоалети во куќите.

Велшкиот остров е познат и како „Островот на 20.000 светци“, поради бројот на гробови кои се наоѓаат на него. Се вели дека на овој остров не е можно да се зарие лопата на некое место, а да не се удри во нечија коска.

Со овој остров се поврзуваат многу легенди, па и оние најпознатите за Кралот Артур. Според некои приказни, островот Бардси е легендарниот Авалон, местото каде што е погребан Артур.

Островот бил свет за старите Келти, таму се извршувале ритуали, а во средниот век тој бил важно место за христијаните кои оделе на аџилак.

Денес на него се наоѓаат светилник, една фарма и остатоци од манастирот.

Иако се чини дека островот никогаш во целост нема да биде модернизиран, некои работи полека се менуваат. Фрижидерите се напојуваат со енергија од соларни панели, а жителите на островот можат да комуницираат со копното преку сателитска врска.