Овој затвор толку потсетува на егзотично одморалиште, што би посакале да ве осудат доживотно

0
919
Норвешка надалеку е позната како држава со најдобар казнен систем во светот, и тоа затоа што своите затвореници ги третира како луѓе, наместо како криминалци.

Токму поради тоа, не нè чуди постоењето на затворот Бастој кој се наоѓа на истоимениот остров на околу 50 километри оддалеченост од Осло, каде што владеат неверојатни услови, кои повеќе потсетуваат на егзотично одморалиште отколку на место на кое се издржува казна.

01-norveska-zatvor

Станува збор за затвор со минимално обезбедување, каде што навечер затворениците ги чуваат само пет чувари, а никогаш не е забележано бегство од истиот.

Стапката на повратници во затворот после оваа институација е неверојатни 14%, за разлика од 70% кои владеат во останатите држави во Европската Унија.

02-norveska-zatvor

„Служам казна од 14 години за шверцување, а тука дојдов после осум години поминати во строго обезбеден затвор. Главната разлика е што тука нè третираат како луѓе, ни даваат обврски и доверба. Тешко е да се замисли дека вакво нешто се применува на било кое друго место во светот“, вели Питер еден од затворениците.

03-norveska-zatvor

Затворениците се сместени во дрвени куќи во кои имаат пристап до телевизори, компјутери, тушеви, а во слободно време можат да се занимаваат со разни занаети, како столарство. Со оглед на тоа што најголемата затворска казна во Норвешка е 21 година, оваа држава прави сè што е во нејзина моќ за целосно да ги рехабилитира затворениците.

04-norveska-zatvor

Траектот до овој остров доаѓа само два пати дневно, и тоа да ги доведе и одведе чуварите, но и потенцијалните затвореници.

Тробјорн 58-годишен чувар кој работина овој остров веќе 17 години, истакнува дека нивната најголема работа тука е да ги пребројат затворениците во оваа институција.

05-norveska-zatvor

„Затворениците се сместуваат по групи во обезбедени куќички во кои секој има своја соба. Идејата е да се навикнат на секојдневниот живот кој ги чека откако ќе излезат. Месечно добиваат и џепарлак од околу 90 евра за храна, која ја набавуваат во локалниот мини маркет“, раскажува тој.

06-norveska-zatvor
Сите затвореници во Норвешка можат да побараат трансфер на овој остров, но само ако им останале до пет години до отслужувањето на казната.

За работата да биде уште пофантастична, затворениците имаат пристап до коњи за кои се грижат и ги јаваат, а на островот има и голема фарма на која можат да работат. Тука има и разни животни за кои се грижат, а еднаш месечно имаат дозвола да го повикаат семејството на посета.

07-norveska-zatvor

Нема сомнеж дека овој е еден од најчудните проекти во Норвешка, но резултатите не можат да се демантираат. Норвешка има најмала стапка на криминал и повратници во затвор, во светот.