ОВИЕ ТОКМАЦИ И СЛУГИ НА МИЈАЛКОВ СЕГА ЌЕ ОДЛУЧУВААТ: ПЕТ СУДИИ ОД УПРАВЕН СУД 10 МЕСЕЦИ СЕ ПОД ИСТРАГА НА СЈО ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ!

0
925

Специјалниото обвинителство ја нема завршено истрагата против петтемина судии од Управниот суд, кои се дел од првиот случај што го отвори ова обвинителство под кодно име „Титаник“ за серија изборни нерегуларности во 2013 година, пред, за време и по локалните избори таа година, пишува СДК.

На 12 февруари обвинителката Фатиме Фетаи рече: „Отворена е истрага и против пет судии на Управниот суд во Скопје и четири членови на Државна изборна комисија од 2013 година за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Извесно е дека истрагите ќе се прошируваат и нема да биде поштеден никој кој дејствувал на криминален начин“.

Јанева во интервју за МРТВ потврди дека предистражната постапка за изборни нерегуларности е во тек и тоа на почетокот на октомври кај претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски предизвика жестока реакција:

„Особено иритира изјавата на Јанева дека се води постапка за судии од Управниот суд. Тоа е конкретно напаѓање на еден суд и директно е рушење на угледот на тој суд и на целото судство. Многу граѓани имаат предмети пред тој суд. Да кажете за некои судии се води постапка, без да кажете за кои, за колкумина, дали за сите се води, имајќи го предвид функционалниот имунитет што го имаат судиите, е крајно неетичко, нецивилизирано и некултурно така да се изјави. Во нашата судиска и обвинителска етика стои дека тоа што сме го добиле како доверлив материјал за работа, можеме да го користиме само при извршување на работата, а не на интервјуа да се фалиме дека нешто за некого знаеме“.

На ова обвинителката Ленче Ристоска на прес-конференција на Караџовски му одговори:

„За Специјалното јавно обвинителство повикувањето судии на разговор не е начин за вршење притисок врз судиите. Против одредени судии отворена е истрага, не против сите судии во Управниот суд, и тие се повикани да дадат изјава во своја одбрана. Не се согласувам дека со нашето работење вршиме притисок, оти за нас сите се невини додека не се докаже спротивното. И други судии беа под истрага, а Судскиот совет немаше забелешки“, рече обвинителката Ристовска.

Таа тогаш додаде дека секоја индивидуа што работи во државна институција, па и во судството, не е изземена од истрага каде што има основани сомневања против неа за сторени кривични дела.

Текстот во цеост прочитајте го ОВДЕ