ОВИЕ ВО АВМУ СЕ РАЗБУДИЛЕ ОД КОМА: Сител, Алфа, Канал 5, Канал 5 Плус и ТВ Нова не ги почитуваат начелата за објективно известување. Абе ај, не зезајте, сериозно?!?!

0
715

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, го објави првиот извештај од мониторингот на медиумското претставување по распишувањето на Предвремените парламентарни избори 2016, за периодот 15 – 24 април.

„Пет телевизиски програмски сервиси – ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Канал 5 Плус, ТВ Нова и ТВ Сител не ги почитуваат начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено она со кое се бара објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување публиката слободно да оформи мислење за одделни настани и прашања (алинеја 9)“, стои во соопштението.

„Кај ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Канал 5 Плус и ТВ Сител се забележуваат прилози поврзани со политичката криза, со активностите на државните органи и со промовирањето на мерките од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ во чија обработка и третман медиумите покажуваат ист или исклучително сличен начин на известување, разработуваат/акцентираат исти тези и ставови (свои или преземени од домашни или странски медиуми, експерти, претставници на партии), па дури користат и исти (туѓи/странски) снимки како илустративен материјал, што укажува на извесна усогласеност во нивната уредувачка политика. Ова е во спротивност со начелото за самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика од член 61 став 1 алинеја 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Уште една сличност кај четириве телевизии е тоа што ги користат телопите за преку нив да пренесуваат ставови (свои, на политичари, други медиуми и сл.) преку кои го акцентираат негативниот тон и рамка за СДСМ и за активностите на Протестирам.

Кај овие четири телевизии, се забележува тенденција која, доколку продолжи во истиот правец, ќе резултира со известување во функција на изборно медиумско претставување на партиите од власта. Станува збор за прилозите во кои активностите за промовирање мерки за унапредување на земјоделието од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ се претставуваат како политика на државата во оваа сфера, како и за прилози за активности на државните органи на централно и локално ниво кои се креирани за да се привлече медиумско покривање“, пишува во извештајот.

Целиот извештај можете да го спуштите на следниот линк ОВДЕ (со клик се спушта Ворд документ).