ОВДЕ ЛИ Е ТЕЛОТО НА ДАНКА? ПОЛИЦИЈАТА И ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО КУЌАТА НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО

0
273

Две противпожарни возила и две полициски возила во моментов се пред куќата на мајката на Дејан Драгијевиќ од Злот, еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ (2), јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот.Како што се дознава, се претресува просторот помеѓу куќата на осомничениот и неговиот сосед.

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиството на Данка Илиќ, им се пожали на новинарите дека полицајците и ја уништиле куќата и го ископале дворот при претресот.

Денеска бев на гробишта, подготвив се за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив и кутија и цвеќиња и се… Во хаос сум, брзата помош пак ќе дојде – се пожали таа.

Конкретно се пожалила на полицијата, тврдејќи дека и ја „уништиле куќата“.