Милијардерот и сопственик на ,,Тесла” и платформата ,,Х”, Илон Маск е повторно во центарот на вниманието, и овој пат не се работи за ракети или електрични автомобили – станува збор за претседателските избори во САД во 2024 година.
Маск објави дека секој ден ќе им подарува по 1 милион долари на гласачите во некои држави преку систем на лотарија. Да, добро прочитавте: 1 милион долари дневно.
Но, пред да земете учество во неговата лотарија треба да бидете регистриран гласач во една од оние клучни држави како Пенсилванија или Џорџија и да потпишете петиција која промовира слобода на говор и права на оружје.