ОВА СЕ ВИКА ОД СДСМ ПРАВАТ ШТЕТА ДУРИ И ВО ОПОЗИЦИЈА – НА СОПРУГАТА НА ПОКОЈНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ НАСЛЕДНАТА ДОЖИВОТНА ПЕНЗИЈА НЕ И СЕ ИСПЛАЌАЛА СЕДУМ МЕСЕЦИ

0
209

Сопругата на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, веќе седум месеци не и била исплаќана доживотната пензија која и следува, откри Ивица Томовски, директор на службата за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ на ТВ21 во понеделникот.

Тој кажа дека Вилма има доживотна пензија од 2000 евра, но истата не и била исплаќана.

„Затекнавме ситуација каде што на Вилма Трајковска, сопругата на претседателот Борис Трајковски не и бил исплаќан надомест во висина од 2000 евра кој и следува доживотно“, рече Томовски.