Ова животно ја добило титулата “најсреќна фока на светот”

0
1080
Таа е прогласена за најдруштвената фока на светот. Со своето позирање пред камерите ја освоила речиси целата планета.

Ник Блејк, автор на фотографијата, вели дека нејзината насмевка топи и ледени срца, а ја фотографирал на пет метри под површината на водата во близина на островот Ланди во Бристолскиот канал. Оваа фотографија освоила златен медал на натпреварувањето за најдобра подводна фотографија, а на ова место инаку живее колонија од околу 180 диви фоки.

Блејк вели дека во текот на фотографирањето најмногу уживал во друштво на младенчињата кои биле најразиграни и највесели.

“Колку повеќе време минувате под вода со нив, тие стануваат поинтересни. Секогаш има една која е највесела и сака да си игра со вас и вашата опрема”, вели фотографот.

Веселата подводна игра траела околу половина час и како што наведува Блејк, трикот за добра фотографија е да ги игнорирате, за тие да се заинтересираат за вас.

“Доколку не им обраќате внимание тие ќе почнат самите да ви приоѓаат. А тогаш е вистинскиот момент за фотографија”, вели Блејк.