ОВА Е ТОТАЛНА ПОРЕМЕТЕНОСТ: Боки 13 и неговата мајка на шопинг во Милано за три дена потрошиле 150 илјади евра

0
1136

За неколку дена, на шопинг во Милано Италија, односно крајот на февруари 2019 година, Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка Јовановска потрошиле стотина илјади евра на шопинг.

Обвинителката Ивана Трајчевска ги читаше извршените трансакции, па редеше суми од : 3.605 евра, 890 евра, 9.880 евра, 675 евра, 9.570 евра, 5.800 рвра, 7.980 евра, 9.915 евра, 7.865 евра, 1.440 евра, 2.535 евра, 14.820 евра, 14.965 евра, 10.430 евра, 26.800 евра, 6.680 евра…

Додека обвинителката читаше, адвокатот  Дуковски реагираше дека дел од сметките се повторувале.

Во продолжението на судењето за предметот „Рекет“ беа презентирани докази од обвинителството, меѓу кои беше пуштена снимка од необјавена емисија „Инсајдер”, а презентирани беа и фискални сметки од обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија.

Сметките, преку 20, се на износи од 300 до 9.000 евра и повеќе. Вкупниот износ е 148.000 евра, потрошени за три дена во Италија.

Во доказите беа презентирани и извештаи од вештачењето од мобилните телефони на Јовановски за комуникација на Ватсап меѓу Боки и Катица Јанева на која и праќал слики од мебелј и ја известил дека е стигнат.

Во некои од презентираните пораки, Јордан Камчев му праќа слики на Боки 13 со покана од ЈО и од одлуки, а прочитани беа пораки и од комуникацијата меѓу нив каде во една Камчев му вели на Јовановски дека гаранцијата е дуќанот „Сваровски“ на плоштад, и уште еден деловен простор.

Пратеничката Фросина Ременски, пак, му испратила порака на Боки 13, „наводно утре ќе одлучувале за жалбата на Орце”, а Боки и одговара „ок”.

Почитани беа пораки и од комуникација меѓу Боки и Дејан од „Пелистерка“ каде се допишуваат за некои судски решенија и за пари за кои дел биле префрлени, а дел ќе се префрлат.