Бејхам Мутлу се изгубил во шума откако пиел со пријатели (Фото: ДХА)
Маж кој се водел како исчезнат случајно се придружил на потрагата по него во Турција, пред да сфати дека тој е лицето што го бараат, објавија локални медиуми.
Бејхам Мутлу пиел со пријатели пред да залута во шума во провинцијата Бурса. Откако не се вратил дома, неговите сопруга и пријатели пријавиле во полиција, по што била организирана потрага. Педесетгодишниот Мутлу случајно налетал на спасувачи и волонтери кои го пребарувале теренот и одлучил да им се придружи.
Кога по неколку часа групата почнала да го извикува неговото име, тој одговорил: „Тука сум“.
Откако бил одведен да даде изјава, полицијата го вратила Мутлу дома.
„Не ме казнувајте многу. Татко ми ќе ме убие“, рекол Мутлу.
Засега е нејасно дали ќе биде казнет.