ОВА Е ВЕЌЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ: Опозициските портали по втор пат срушени, УНЕТ изгледа е под тежок напад на ВМРО ДПМНЕ!!!

0
525

Денеска повторно неколку часа повеќе опозициски портали беа офлајн.

Истото се случи и пред неколку дена. Порталите Либертас, Плусинфо, Нова, Фокус, СДК и уште неколку се хостирани во УНЕТ на фирмата УЛТРА на Антони Пешев.

Фирмата излезе со соопштение пред неколку дена дека имале голем напад на посети кои најверојанто се лажни од напаѓачки сервери кои имаат за цел да го преплават серверот со барања за ресурси и тој едностанво да се онесвести.

Се чини дека ВМРО ДПМНЕ ќе пробува повеќе пати во текот на оваа кампања да ги сруши опозициските портали.

На нозе останаа само порталите кои се хостираат на странски сервери или пак на сервери во земјава кои имаат одлична заштита за напади или пак опслужуваат мал број на портали. Такви се критичките портали А1он како најголем, потоа Бриф, Мактел, Доказ, ЦентарЊуз, Народен Глас, и порталите на Сашо Денесовски од Охрид и уште неколку..