Ашвагандата е растение од семејството (Solanaceae). Расте во топлите краишта, а се смета дека потекнува од североисточните делови на Индија. Се нарекува уште и индиски женшен или зимска цреша. Најчесто се користи неговиот корен.
Ашвагандата е богата со низа на компоненти кои можат на различни начини да делуваат позитивно врз здравјето на нашиот организам.
Употребувана со милениуми
Индискиот женшен се употребувал во индиската традицонална Ајурведа медицина со милениуми. Поседува антиоксидативни, антивоспалителни и антистресни својства, заради што се смета дека може да допринесе за подобро општо здравје и долговечност.
Според податоците на некои истражувања, ашвагандата покажала заштитен ефект од некои малигни заболувања, дијабет и невродегенеративните заболувања, како Алцхајмер и Паркинсон.
Дополнително, таа покажала и смирувачки ефект, како и одредена улога во балансирањето на повеќе важни хормони во човековиот организам.
Често ашвагандата се препорачува како единечен суплемент или во комбинација со други суплементи за третирање на хроничниот замор, депресија, анксиозност итн.
Моќен сексуален стимуланс за мажите
Сите сме слушнале за афродизијаци како темната чоколада, бадеми, лешници, ф’стаци и други, но помеѓу нив дефинитивно може да се вброи ашвагандата, која и не е така позната помеѓу луѓето.
Значи, покрај претходно наведените позитивни ефекти, утврдено било и моќно дејство на оваа билка во однос на секусалното здравје, но и сексуалното задоволство. Се смета дека ова главно се должи на подобрувањето на циркулацијата и намалувањето на тензијата (стресот).
Повеќе студии покажуваат подобрено сексуална функција, но и плодност кај мажите, а поновите истражувања нешто слично утврдувааат и кај жените.
Ашбагандата може да делува на повишување на нивото на тестостерон кај мажите, а исто така некои истражувања ја поврзуваат оваа билка и со корисно дејство при импотенција и предвремена ејакулација.
Подобрено сексуално здравје кај жените
Ашвагандата може да делува на превенцијата од ендометриоза, миоми, фибромиоми, но и во нормализирањето на женските хормони. Исто така, најдено било дека ги олеснува симптомите на менопауза и го стимулира работењето на женскиот репродуктивен систем.
Една студија од 2018 година укажува дека жените кои секојдневно, во текот на еден месец ја употребувале билката, забележале значително подобрување во сексуалната функција, но и полесно доживувале оразам. Ваквите резултати и не биле така изненадувачки за истражувачите, бидејќи некои други студии кои претходно биле спроведени, покажале позитивни ефекти на ашвагандата во однос на намалувањето на општиот физички, хроничен стрес, но и позитивен ефект во однос на црикулацијата и на подобреното либидо.
Многу значајно да се каже е дека не се забележани значителни несакани дејства на ашваганда суплементите. Така, тие можат слободно да се земаат заедно со различни контрацептиви, што е значајно за жените, бидејќи контрацептивите можат сериозно да делуваат на намалувањето на сексуалното задоволство.
Како ашвагандата ја подобрува сексуалната функција?
Постојат неколку механизми според кои може да се објасни корисното дејство за сексуалноста на оваа билка. На пример, ашвагандата во бројните испитувања покажала:
• Заштитна улога на телото и мозокот од хроничниот стрес, односно делувала на намалување на хормонот кортизол- хормон на стресот.
• Подобрувачко дејство при анксиозност и депресија.
• Оптимизирачко дејство на нивоата на тестостерон.
• Подобување во циркулацијата.
• Подобрени инфламаторни маркери.
• Подобрување во енергетско ниво.