ОВА ВО МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ДОЧЕКАМЕ – СЛОВЕНЕЧКИ МИНИСТЕР ПОДНЕСОЛ ОСТАВКА ОТИ НЕ ПЛАТИЛ ХОТЕЛСКА СМЕТКА

0
516

Словенечкиот министер за земјоделство Јоже Подгоршек денеска поднесе оставка поради афера за неплаќање на една хотелска сметка.

Според пишувањата на медиумите, Подгоршек во јануари годинава направил сметка од 800 евра во хотел во Бохињ, а по заминувањето не ја платил, туку тоа наводно подоцна наместо него го направил земјоделски комбинат со кој Министерството за земјоделство е во спор за сопственост на земјоделско земјиште, пренесе „Хина“.

Наводно, станува збор за судир на интереси, односно за корупција, бидејќи хотелот кој ја издал сметката во времето кога во него престојувал министерот бил во сопственост на лице поврзано со споменатиот земјоделски комбинат.