ОВАА ФОТОГРАФИЈА ГО ЗГРОЗИ СВЕТОТ: Го оставила бебето во автомобил и отишла во клуб

0
1718

Полицајците во швајцарскиот град Шафхаусен останале шокирани кога пред еден ноќен клуб виделе двегодишно дете како плаче во заклучен автомобил.

Продолжението на таа приказна е уште поскандалозно – додека детето леело солзи на паркингот, неговата мајка се забавувала во клубот!majka10

Доколку случајните минувачи не го слушнале плачењето на детето и не повикале полиција, кој знае како целата приказна би завршила. Минувачите прво се обиделе да го пронајдат сопственикот на возилото, но набрзо сфатиле дека е тоа залуден потфат и повикале полиција. Откако полицајците дошле на местото на настанот веднаш бил повикан механичар да ја отвори вратата и да го извлече детето од автомобилот.

Дваесетина минути подоцна од клубот излегла и немарната 25-годишна мајка, а нејзиното присуство многу бргу ги збеснало луѓето на паркингот. Така, еден човек во налет на бес го искршил нејзиниот автомобил.

– Беше бесен, едноставно не можеше да се контролира – рекле од полицијата.

Немарната мајка ќе одговара пред суд поради занемарување на детето, а на полицијата без трошка емоции ѝ рекла дека го оставила синот во автомобилот за да може да се забавува со колегите од работа.