ОВАА МРЦИНА Е БЕЗ КОНТРОЛА – РАСТЕ НЕРВОЗАТА ВО ВМРО-ДПМНЕ, ПОРТПАРОЛОТ СТОИЛКОВСКИ СЕ ОБИДЕ СО НАВРЕДИ И ЗАКАНИ ДА ЈА ПРЕКИНЕ РАБОТАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

0
755

Расте нервозата во опзициската ВМРО-ДПМНЕ, портпаролот Наум Стоилковски се обиде со навреди и закани да ја прекине работата на Советот на Општина Ѓорче Петров. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ иако нема ништо заедничко со Општината, денеска на скандалозен начин се обиде да ја спречи седница на Советот.

Со викање, навреди и нервозно однесување Стоилкоски кој не ниту жител на Ѓорче Петров се обиде да ја прекине седницата на Советот при тоа кажувајќи им на советниците како да одлучуваат по одредени точки.

Од советничката група на СДСМ истакнаа дека ваквиот нервозен потег на Столковски и ВМРО-ДПМНЕ е резултат на нивниот страв од извесен пораз на локалните избори како во Ѓорче Петров така и низ сите останати општини во државата.

-ВМРО-ДПМНЕ знае само да се заканува, да кочи и блокира, тоа е насилничка партија која знае да работи само на штета на граѓаните и на државата. Затоа губат на избори, затоа се исплашени од нов пораз што ќе ги снајде на претстојните локални избори.“ истакна Александар Ѓорѓевски советник од СДСМ во Општина Ѓорче Петров.