Оваа година Општина Прилеп е дел од 30. Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, а учество земаат претставници на 113 градови од светот

0
872

Оваа година Општина Прилеп е дел од 30. Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, а учество земаат претставници на 113 градови од светот.

Честа на посетата е уште поголема бидејќи Општина Прилеп станува дел од Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, која е основана во 1988 година.

На годинешното собрание се разговара за теми поврзани со одржливите развојни цели на Обединетите нации, промоција на културата за мир во 21 век, со ставање акцент на Декларацијата на ОН за човекови права и создавање на инклузивни, безбедни и одржливи градови.

Согласно предвидената агенда, во текот на денешниот ден е предвидено мое излагање, проследено со видео кое ги претставува природните богатства, културно-историското наследство, како и на можностите за инвестирање кои ги нуди Прилеп.