Saturday, March 15, 2025
25.8 C
Skopje

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 47 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на вкупно 47 јавно обвинителски места низ повеќе Основни јавни обвинителства на територија на целата држава. На огласите се очекува да се пријават кандидатите од осмата генерација на Академијата на судии и јавни обвинители, на кои вчера им беа доделени уверенија за успешно помината почетна обука.

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, појасни дека се објавува оглас за избор на 14 јавни обвинители во ОЈО Скопје, четири во ОЈО Тетово, по три во ОЈО Куманово, Охрид, Прилеп и Штип, по две во ОЈО Гевгелија, Битола, Гостивар, Кичево и Струмица и по едно во ОЈО во Крива Паланка, Велес, Ресен, Струга, Радовиш, Делчево и во Кочани. – Алармантна е состојбата, моментално недостигаат околу 100 јавни обвинители, така што оваа бројка од 47, секако ако се јават, би ја ублажила состојбата во одредена мера – изјави Димитриеска.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, претходно во изјава за медиуми, посочи дека најмалку во наредните три години нема да биде избран ниту еден нов јавен обвинител, со оглед дека деветтата генерација ќе треба да помине обука од 20 месеци. Советот на денешната седница објави оглас за избор и на двајца јавни обвинители во ОЈО ГОКК.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ вчера ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Како што информираше директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, уверенија добија вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители.

 

 

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ