ОБНОВЕНА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО ПОВРШИНА ОД 9874 КВАДРАТНИ МЕТРИ СО НОЌНОТО БЕЛЕЖЕЊЕ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ И БУЛЕВАРИ

0
351
Екипите на ЈП Улици и патишта, коишто ја одржуваат хоризонталната сигнализација на сообраќајниците во градот, од почетокот на ноќното бележење (16.05.2022 година) досега обележаа 9.874  квадратни метри површина. Од вкупната површина 2.076 квадратни метри се обележани рачно,  а 7.298 квадратни метри машински. Рачното бележење се одвиваше во централното градско подрачје и обновена е бојата на пешачките линии, такси постојки, автобуски постојки, местата на паркинг за лица со попреченост, стрелки за насокана движење и друго. Со машинското бележење се обновува бојата на линиите на коловозите во насока од општина Центар кон општина Ѓорче Петров.

Според однапред утврдената динамика од Град Скопје и од Секторот за сообраќај екипите продолжуваат со обнова на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници  во сообраќајот.