Обединети за Македонија : Груевски не е ниту Македонија, ниту ВМРО-ДПМНЕ, да му кажеме НЕ!

0
716

obedineti-za-mk-680x365

Ние, Обединети за Македонија уште еднаш ја истакнуваме нашата поддршка и нашето учество во борбата за демократизација на земјата, предводена од господинот Зоран Заев и СДСМ. Сметаме дека не е време за нагласување на идеолошките и други разлики кои постојат кај опозицијата и опозиционо настроените групи и граѓани, ова е време кога се загрозени основните начела и принципи за кои се залагаме: слобода, демократија и правичност. Уште еднаш ги повикуваме сите членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ кои ги споделуваат овие начела да ни се придружат.


Никола Груевски не е Македонија, не е ниту ВМРО ДПМНЕ, тој е човек кој сите нè држи во заложништво и време е заедно да му кажеме гласно „НЕ“!
Во овие моменти сите добронамерни критики кон раководството на опозицијата, дури и оние оправданите нанесуваат штета на нашата борба и цел, затоа сметаме дека единствена цел на нашите критики треба и мора да биде режимот и партиската врхушка на Груевски.


Вистината ќе победи! Да живее слободна Македонија!

Со почит,
Обединети за Македонија