Обединети за Македонија: Германската оценка покажа дека никој не сака да соработува со насилници и манипулатори

0
594

Соопштение на Обединети за Македонија:

obedinetizamakedonija

“Задоволителната” оценка за македонско–германските односи зборува многу за реалноста во која моментално се наоѓа нашата држава. Германиja е единствениот аларм кој се вклучува. Задоволни не можеме да бидеме кога сите во регионот не поминаа. Германската оценка со дипломатски јазик указжува дека нешто не функционира и дека македонската страна треба нешто да менува, во позтивна насика.

Лажните и извртени соопштенија од македонска страна, дека во државава се е розево треба веќе да бидат заборавени, за да народот свати дека водачите на “Илинденска”не возат во погрешен правец, и покрај скапиот и сигурен 600 илјаден мерцедес во кој се вози Груевски. Популизмот, сполотен со скапо платени реклами и уште поскапо платените провладини новинари не можат ништо да поправат на планот на се послабиот меѓународен рејтинг на државата. Особено кога се парадира со “провидни road show-a” и непроверен внес на некои несоодветни и сомнителни странски инвестиции во земјава, колку само да се каже дека нешто се сработило на скапите луксузн патувања во странство.

Се поочигледно е дека домашната реалност рефлектира и на меѓународна сцена. Бомбите кога пукаат во дворот се слушаат и подалеку. И најблиските и добро намерни земји пријатели на Македонија сакаат искрен и чесен пристап во работите. Никој не сака да соработува со “насилници ” и манипулатори.

Билатералата на Македонија веќе не покажува позитивен fidbek. И македонското МНР не ни е некоја јака страна, за да провери нешто во позитивен правец. Се поочигледно е дека Груевски не е така моќен надвор, како што е дома. Особено треба да се земе предвид и фактот дека во Македонското МНР се се сведува на чисти преписки, инпровизации и непрофесионализам.

Чисто и слепо слушање на наредбите кои доаѓаат дирекно од кабинеот на Груевски, само укажува на срав и незнаење. Затоа “задоволителниот” опис на односите неможе да биде прифатен од владата, а камо ли да се фали и ликува.

Обединети за Македонија е за промена на овој не-задоволителен курс и исто таква влада, која не држи во заточеништво, заради фамилијален интерес.