Sunday, February 16, 2025
3.8 C
Skopje

Обединетите нации бараат нова истрага за хашките случаи

Обединетите нации бараат повторно отворање на хашките случаи. Комитетот за тортура во последниот извештај порачува дека се потребни нови истраги за четирите хашки случаи и за случајот на шестемина исчезнати албански цивили , пишува весникот Вест.

haski-slucai

Од комитетот препорачуваат и укажуваат дека, според меѓународното право, случаите на злосторства против цивилното население, на тортура и мачење не застаруваат и не може да подлежат на амнестија.

Во извештајот на комитетот се предупредува дека не смее да поминат неказнето луѓе обвинети за кршење на човековите права за време на конфликтот во Македонија.

„Комитетот е сериозно загрижен дека изворното толкување на Законот за амнестија ќе обезбеди да поминат неказнето луѓе обвинети за кршење на човековите права што се случило за време на конфликтот во 2001 година, меѓу кои спаѓаат четири случаи изведени пред суд за сторените воени злосторства: водството на ОНА, мавровски работници, липковска брана и Непроштено, грабнувањето на 12 етнички Македонци и еден бугарски државјанин од ОНА и случаите на шестемина исчезнати припадници на албанска националност, за кои постои сомневање дека е одговорна полицијата”, се вели во последниот извештај за Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕШИКТАШ НА СОЛСКЈАЕР ЗА ПРВПАТ ВО ТУРСКАТА СУПЕР ЛИГА ГО ПОРАЗУВА ТРАБЗОНСПОР

Турскиот клуб, Бешикташ каде ново назначен менаџер е поранешниот...

РУТЕ: ЗА 3 МЕСЕЦИ РУСИЈА ПРОИЗВЕДУВА МУНИЦИЈА, КОЛКУ НАТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека...

СЕ СНИМААТ КАКО ДИВЕАТ СО КОЛИ А ПОТОА ПРАВАТ СООБРАЌАЈКА КАЈ ГРАДСКА БОЛНИЦА

Порталот ТВ21 објави видео од кое се гледа сообраќајка...

ДУИ: НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМЕ АПСЕЊЕТО НА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН НА БЛАЦЕ, БАРАН ПО ПОТЕРНИЦА ОД СРБИЈА

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и најостро...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ