ОБВИНИТЕЛСТВО : СЕ УТВРДУВААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ, СТОРИТЕЛОТ Е ИДЕНТИФИКУВАН И ОБЕЗБЕДЕН

0
92

За случајот со денешното двојно убиство во скопско Стајковци, попладнево информираа и од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.

Оттаму велат дека јавен обвинител, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршиле увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци.

„Извршен е увид во семејна куќа каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат. Причините за убиството се утврдуваат“,

информираат од ОЈО Скопје.
Според информациите од ОЈО Скопје сторителот е идентификуван и обезбеден и тој е хоспитализиран со повреди.

Од Обвинителството велат дека се обезбедени траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираа дека полициски службеници во семејна куќа во Стајковци го пронашле безживотното тело на 57-годишната С.К., а со повреди на главата бил пронајден 64-годишниот В.К., девер на починатата. Деверот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде во 14 часот починал.

Со убодни рани, полициските службеници, го пронашле и 67-годишниот Љ.К., брат на починатиот В.К. кој имал здравствени проблеми и за него постои сомнение дека е сторител на убиството.