Јавното обвинителство веќе има оформено предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на претседателот на Владата, за што јавниот обвинител на Република Северна Македонија на денешната средба веќе го информираше и премиерот. Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите, соопштија попладнево од Јавното Обвинителство.
Премиерот Мицкоски прво од говорница пред околу 1 месец велеше дека Агенцијата за национална безбедност го следела со дронови. Вчера пак, кажа дека „една од неколкуте институции кои што требало да се занимаваат со безбедноста на државата, наместо да го прави тоа, се занимавала со негово физичко следење и на неговата сопруга и малолетниот син/ Тој од собраниската говорница порача дека лицата кои го следеле него на Водно со две девојки кои наводно му преесувале политички пораки и за следење на неговото семејство посебно неговиот малолетен син ќе одговараат.Премиерот Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање рече дека овие списи, извештаи или дебрифинзи, се креирани на почетокот на 2020 година кога е изборна година.
-Замислете, една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која е, располага со вакви информации во кои што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури вооружени, а притоа не го информирала МВР. И се поставува прашањето зошто не го информирала. Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше г. Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин преку монтажа да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент – ВМРО-ДПМНЕ. Останатото еве оставам до обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали тие ќе преземат некакви мерки, рече Мицкоски.