Wednesday, November 6, 2024
-2.2 C
Skopje

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ Д-Р ЖАН МИТРЕВ ЗА ИЗМАМА НА ПАЦИЕНТИ, ОЈО БАРА ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ ПАСОШОТ

Д-р Митрев е осомничен дека ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација, за што објави документарната емисија на ИРЛ. (Фото: Принтскрин од „Нечиста крв“ на ИРЛ)

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска отвори истрага против д-р Жан Митрев за кривично дело измама, осомничен дека во неговата приватна болница две години ги доведувал во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација.

„По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација. Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова. Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката“, соопшти Обвинителството.

Скопското јавно обвинителство на 18 јули по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во клиниката „Жан Митрев“ од Скопје, откако на 17 јули се емитуваше документарна сторија „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија(ИРЛ). ИРЛ ја објави истражувачката сторија за лекување на пациенти од ковид-19 со хемофилтрација, при што некои починале од интрахоспитални инфекции. Емисијата е базирана на сведочењето на семејство чиј член починал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции, бидејќи бил подложен на хемофилтрација. Истражувањето на ИРЛ се потпира на 24 пријави на граѓани од Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да бидат известат дека се дел од медицинска студија.

За овој случајот Владата го и задолжи Министреството за здравство да ѝ достави информација.

ОВАА НЕДЕЛА

СПОРТИНГ НА АМОРИМ ГО РАСТУРИ СИТИ НА ПЕП

Рубен Аморим со стил се прости од навивачите на...

СО ИСТУРЕНИ ФЕКАЛИИ ВРЗ ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ ОДРЖАН МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО НОВИ САД

Демонстранти ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови...

АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА НОСЕЈЌИ АМЕРИКАНСКИ ЧОРАПИ ГЛАСАА ОД ВСЕЛЕНАТА

Астронаутите Буч Вилмор, Сани Вилијамс и Дон Петит гласаа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ