Saturday, May 24, 2025
13.8 C
Skopje

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА НЕПРАВИЛЕН ТРЕТМАН НА ПЕПЕЛТА ОД РЕК БИТОЛА

Наодите на инспекторите ќе треба да се анализираат за да се направи проценка на потребата и основаноста од понатамошно јавнообвинителско постапување.

Основното јавно обвинителство во Битола оформи предмет во врска со прашањето за правилното одложување на пепелта во РЕК Битола, откако Државниот инспекторат за животна средина минатиот месец при контрола утврди дека на одлагалиштето има поголема количина на несоодветно депонирана пепел. Обвинителството ќе треба да утврди дали се почитуваат протоколите за третман на пепелта, која е нус производ во производствениот просец на комбинатот, и дали е соодветна заштитата на животната средина и здравјето на луѓето при нејзиното одлагање.

Реакции за видливото разнесување на пепел од РЕК низ Пелагониската котлина, имаше и во јавноста, а ДИЖС констатираше и отстапувања од главниот рударски проект во нејзиниот третман. Како што информираат од Обвинителството, наодите на инспекторите ќе треба да се анализираат за да се направи проценка на потребата и основаноста од понатамошно јавнообвинителско постапување.

Од РЕК Битола, пак велат дека пепелта се навлажнува за да не се разлетува додека се транспортира преку 3,7 километарска лента пред да се одложи и засипе со земја, но заради високите температури и ветерот се суши површинскиот слој и се подигнува прашина при нејзиното спуштање во касетата.

„Иако присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава во изминатите децении поради специфичниот процес на производство, транспортот и одлагањето на пепелта преку 3,7 километарска лента, РЕК Битола активно работи на нејзино минимизирање. Со задоволство информираме дека денес, на одлагалиштето кое беше предмет на инспекцискиот надзор, нема ниту еден грам пепел. Целата количина е одложена, а теренот е целосно посипан со земја“, се вели во соопштението од РЕК Битола.

Државниот инспекторат за животна средина изврши во надзорот на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола, направен во март, констатирал присуство на поголеми количини на пепел кои отстапуваат од пропишаните во главниот рударски проект. Комбинатот доби решение во рок од 30 дена пепелта соодветно да ја одложи и посипе со земја, но за конкретното загадување не доби санкција.

Извор : Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ