ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ЈАНЕВА И НА ЗВРЛЕВСКИ НА 1 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ СТЕПААТ ЗА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

0
399

На први септември, кога е закажан судскиот процес против екстрадираниот новинар Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпиoн“, може да настане тепачка во судницата, кој обвинител да го застапува обвинението, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Кривичниот суд. За овој случај Основниот суд Скопје 1 (Кривичниот суд) му се обраќа на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а го исклучува Специјалното јавно обвинителство, иако тоа има надлежност за случајот „Шпион“.

Многу е веројатно обвинители од двете обвинителства да се појават на судењето на први септември, коментираат за САКАМДАКАЖАМ.МК судски извори кои зборуваат од позиција на анонимност затоа што не се овластени за комуникација со јавноста. СЈО на Катица Јанева смета дека со одлука на Скопска апелација, комплетната надлежност врз целиот случај е негова и дека тоа што Кривичниот суд го вмешува Обвинителството за организиран криминал, што е дел од тимот обвинители на Марко Зврлевски е незаконски потег на Судот.

Во исто време во Апелациониот суд Скопје закажано е рочиште по жалба на осудените од Шпион, ама без Зоран Божиновски. Овој суд пак не го кани Вишото обвинителство да го застапува обвинението, туку го кани СЈО, бидејќи му ја признава комплетната надлежност во предметот.