Битолчанец ја киднапирал својата поранешна партнерка, ја држел затворена во викенд куќа каде ја тепал со тупаници и клоци и продолжил откако си ги пресекла вените со нож.
Насилството се случило во октомври 2024 година, а против четириесетгодишниот насилник е поднесено обвинение, но тој е веќе во бегство.
Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му била определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Јавниот обвинител веќе издал наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава.