НУКЛЕАРНА БОМБА ЈА ЗДРМА ЗЕМЈАВА ВО НЕВЕРУВАЊЕ : Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

0
3233

Откако полицијата не успеала да го најде во неговиот дом на Водно и на други локации, за да му го врачи решението со кое мерките за препазливост во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“ му се заменуваат со куќен притвор до изрекувањето на првостепената пресуда, распишана е централна потерница за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, велат добро упатени извори за Фокус.

Како што веќе објавивме, досегашните мерки на претпазливост на Мијалков му се сменети со куќен притвор, меѓутоа тој не е во неговиот дом на Водно, а полицијата не го пронашла ниту во Мериот.

Инаку, мерката куќен притвор доаѓа пред закажаната пресуда на 26 февруари за масовното незаконско прислушување во УБК, каде директор беше Мијалков.