ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА ИЏЕТ МЕМЕТИ ЗА ПРЕДМЕТОТ ВО КОЈ Е ВМЕШАН ГЕОРГИЕВ

0
152

По наредба на судија на претходна постапка вчеравечер е направен е претрес во Тетово во домот на членот на советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители.

Сомнежите се дека и Мемети е поврзан во случајот за кој е осомничен врховниот судија Наке Георгиев. Тој наводно злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.

Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.