НУКЛЕАРНА БОМБА ОД БИХАЧКА: НЕ СЕ ТОЧНИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ДУИ И ДПМНЕ НАПРАВИЛЕ ВЛАДА, ТОА СЕ САМО ОЧАЈНИ ОБИДИ ДУИ ДА СИ ЈА КАЧИ ЦЕНАТА ВО РАСПРЕДЕЛБАТА НА РЕСОРИ

0
812

Предмалку побаравме мислење од висок претставник на СДСМ, за веста која вечерва се прошири на некои медиуми дека има договор за владино коалицирање на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

“Ова што е објавено е повеќе од јасно дека е провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми (ако може да се наречат медиуми), заради постигнување на подобри позиции пред јавноста но и во преговорите на одредени политички субјекти. Ние тврдиме дека СДСМ има обезбедено мнозинство за составување на Влада, а дека е тоа така ќе се потврди следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот” рече висок претставник од СДСМ, за РЕВОЛУЦИОНЕР.ПРЕС.

Мактел.мк исто така воспостави контакт со високото раководство на СДСМ од таму ни велат дека ваквите ПАТКИ се веќе традиција пред секое правење на влада со ова се праќаат БЛЕФОВИ кон оние од кои се бара ресор повеќе, а тоа во случајов е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тој дели ресори, институции, амбасади…

При правењето вакви влади може се да влезе во политички договор, од лидери на верски заедници, претседател на држава, шефови на клучните судови во земјава па дури и градоначалници за следните избори.

Со тоа што ДУИ вечерва со помош на ВМРО ДПМНЕ излезе со ваква патка, значи дека се малце очајни и нервозни затоа што се шушка дека Заев успеал да одземе 5 пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ па е можно да направи влада само со АА и ДПА без ДУИ!

Зошто ВМРО ДПМНЕ учествува во овие ПАТКИ? Затоа што сакаат малце да покажат сила пред да пропаднат како тотални лузери на овие избори, сакаат да покажат дека можеле да направат влада ама ете храбро принципиелно ОДБИЛЕ, тоа во политиката се вика ХРАБРО ЗАГИНА НА МЕГДАНОТ.

Во текот на вчерашниот ден беше одржана конститутивната седница во Собранието на Република Северна Македонија со новиот пратенички состав од предвремените парламентарни избори 2020 година каде најмногу пратеници има коалицијата предводена од СДСМ и БЕСА.

ОБНОВЕНО: БУЈАР ОСМАНИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ШПЕКУЛАЦИИ!

Само половина час откако за „360 степени“ кажа дека „нема коментар“ за написите во неколку медиуми на албански јазик дека ДУИ е на чекор до коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи се премисли.

Во изјава за Телевизија 21 Османи ги демантира објавените информации и укажува дека тие не се точни.

„Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, но нема никаков договор и со СДСМ“, изјави Османи за ТВ21.

Во однос на тоа кој ги пласира гласините, Османи негира дека ДУИ е изворот на ваквите информации.