НУКЛЕАРНА БОМБА НА ТЕЛМА: Власта обезбеди 2/3-тинско мнозинство за законот за Јавно обвинителство!

0
719

Власта обезбеди 80 гласови за законот за јавно обвинителство, дознав Телма од владини извори.

За вечервa во 22 часот е закажaна седница на владата на која ќе биде одобрен текстот на законот и веднаш ќе биде испратен до Собранието .

Претходно и министерката за правда, Рената Дескоска на својот фејсбук профил објави фотографија од бел чад, повлекувајќи паралела со изборот на Папа во Ватикан, кога белиот чад се користи како симбол на договор на кардиналите за нов поглавар на католичката црква.