НУКЛЕАРНА БОМБА НА ТВ24 – ЖЕСТОКИ КАВГИ ВО ВЛАДА, ЗАЕВ БАРАЛ ИЛИ ДА СЕ НАЈДЕ МИЈАЛКОВ ИЛИ ЌЕ ИМА ОСТАВКИ

0
779

ТВ24 ексклузивно дознава поврзано со бегството на Сашо Мијалков, утринава премиерот Заев повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите.

На средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките.

Според наши извори во кабинетот, на средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга.

Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност.

Средбата наводно завршила во нервозна атмосфера, во очекување на расплет во наредните 3-4 дена, колку што Заев дал рок за резултати.

Сашо Мијалков, кој беше првообвинет во случајот „Таргет-тврдина“ завчера избега, и од тогаш е недостапен за органите на прогонот. Во меѓувреме, по него е распишана и домашна и меѓународна потерница.