НУКЛЕАРНА БОМБА НА САШО ОРДАНОВКСИ: ДАЛИ ТОА МИЦКО НЕ САКАЈЌИ НИ ПРИЗНА ДЕКА ЧУЛЕВ МУ ПОМОГНАЛ НА ГРУЈО ДА ИЗБЕГА ЗА БУДИМПЕШТА?!

0
326

Политичките импликации се уште покомпликувани. Имено, Мицкоски не би „откинал“ ваков „елиптичен“ одговор на јасно поставено прашање, ако не може да му нанесе каква било штета на омразениот, архи-непријател Заев. Но, фактот што, сепак, се воздржува да го каже одговорот може да значи разни работи: дека, покрај „злосторникот Заев“, во бегството на Груевски се вмешани луѓе или други поединци, па и институции или служби, домашни и странски, чие јавно посочување (дури, не е важно ни дали се имаат докази за тоа!) може да му нанесат поголема штета на Мицкоски, отколку на Заев. Незгодно.

Од друга страна, како ќе се одрази откривањето на „вистината за бегството на Груевски“ врз деликатните односи на самата опозициона партија, врз нејзиниот превладувачки раководен состав, како и врз самиот Мицкоски? Да беше таа „вистина“ едноставна, а и доблесна, до сега Оној во Будимпешта сто фејсбук статуси самиот ќе напишеше… Немаше да чека Мицко да го прозива!

На страна што, веројатно без да размисли за погоре опишаните последици, Мицкоски му става „жежок компир“ во рацете на својот технички министер во МВР: наместо да се занимава со возниот парк во Министерството, да не треба г. Чулев да се занимава со истрага за бегството на Груевски од земјава? И така сериозни безбедносни кругови шпекулираат дека тој, наводно, бил последниот висок безбедносен службеник кој разговарал со Груевски пред нему да му се изгуби трагата накај Будимпешта.

Целата колумна на Сашо Ордановски на Цивил Медиа