НУКЛЕАРНА БОМБА НА ПОРТАЛОТ А1ОН : Се појави аудио снимка каде Антонио Милошоски се јавувал во врховен суд да интервенира за пресуда во предмет каде е вмешан неговиот татко

0
921

Нови аудио-снимки од разговори се објавени на сервисот „Јутуб“, овојпат, од канал именуван како „ГолиТру“. Станува збор за пет снимки, на кои се слуша како Милошоски интервенира за донесување одлука во Врховниот суд за спор каде е вмешан неговиот татко.

На снимките се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој разговара со повеќе лица, а во врска со предмет за Здружение на возачи-Кичево за кој одлучувал и Врховниот суд.

Во предметот бил вмешан таткото на Милошоски. На првата снимка објавена на „Јутуб“, се слуша како Антонијо Милошоски му се претставува на експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Извор : А1он