НУКЛЕАРНА БОМБА НА МИТКО ЈАНЧЕВ: ОРЦЕ КАМЧЕВ И ДЕЈАН ПЕЛИСТЕРКА САКАА ДА МИ ЈА КУПАТ КОЖУВЧАНКА, ОТКАКО ОДБИВ БЕВ ИСФРЛЕН ОД ВМРО ДПМНЕ!

0
7508

Пред изборите на мобилен ми се јави Орце Камчев. Ми рече дека е во Зелениково со Александар Пандов, сега прв човек на Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ, и со рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Камчев побара од мене да пренесам две пораки. Едната до Вице Заев, а втората до Сашо Мијалков. Му реков: Ги имаш нивните броеви и можеш сам да им се јавиш.

Ова во интервјуто за емисијата Во Центар која се емитува вечерва ( недела ) во 22 часор, на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави актуелниот градоначалник на Кавадарци и поранешен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Јанчев потврди дека во мандатот на владата на ВМРО ДПМНЕ, во барот Сушико во центарот на Скопје, бил “убедуван” од Камчев и првиот човек на Пелистерка да им ја продаде компанијата Кожуфчанка. Јас тоа го одбив вели Јанчев и оттогаш односите ни се такви какви што се.

Во интервјуто Јанчев ја најави своја кандидатура за лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Извор : Во центар