Миленко фрли нова бомба на својот фб профил, најави дека по ангажманот на Ташковиќ и Еленовски, следен кој ќе работи некакваа одговорна функција во новата власт е кумот Зоран Ставревски.
Кога се знае дека почнува полека дебатата за наследникот на гувернерот Богов, по се изгледа Миленко сака да каже дека Зоран Ставревски ќе биде новиот гувернер на Народна Банка?!
Тој е изземен од сите можни обвиненија на СЈО, а во бомбите има улога безмалку на некаков херој, бело ангелче кое трча по Груевци и ги моли да работат како што треба и се нервира што државата иде у курац.
Ќе биде интересно ако Заев го предложи Ставревски како некакво помирување на левицата и десницата, а познато е дека кариерата на Ставревски почна токму од НБРМ и тоа во време на СДСМ.