НУКЛЕАРНА БОМБА НА ЗОРАН КИТАНОВ ОД ДЕЛЧЕВО, НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА ЕКСПРЕСЕН ПАТ ДО ГРАНИЦАТА СО БУГАРИЈА!

0
1193
Членот на Централниот одбор на СДСМ, воедно и Директор на агенцијата за јавни патиша, Зоран Китанов на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Делчево, најави изграба на експресен пат до границата со Бугарија.
Пред преполната сала во Делчево Китанов ги посочи клучните резлизирани проекти во Пијанечки крај, Малешевијата и околните населени места а зборуваше и за оставените проблеми од страна на криминалната ВМРО-ДПМНЕ.
-Кога ја преземавме одговороноста по промената на власта еден од првите проблеми со кои што се соочив беше блокираниот пат Кочани-Делчево, со свлечишта и одрони кои постојано се случуваа. За три месеци сите проблеми од патот Делчево Кочани го решивме, со главниот проблем за одроните, како што личи и како што заслужуваат граѓаните. ВМРО ДПМНЕ не го направило тоа затоа што им било скапо. Знаете ли колку? Колку триумфалната капија во Скопје. Ете колку, рече Китанов.
-Ние за 2.5 години силно влеговме во реализација и обнова на патни правци кои со години биле заборавени. Обновен е патот Делчево кон Пехчево, од Делчево кон Ѕвегор, од Кочани кон Пониква, во тек е градбата на експрениот пат Крупиште до Штип, обиколницата околу Кочани… 43 километри само во овој регион за цела рехабилатија, чинеше околу 5.5 милиони евра. Замислете, колку два споменика во Скопје кои ги направи ВРМОД-ПМНЕ. Граѓаните се поневредни од 2 споменика во Скопје. Градиме патишта во интерес на граѓаните, тоа е прав пат, порача Китанов.
Државата наликува на големо градилиште и така ќе продолжиме и по 12 април, најави членот на ЦО Зоран Китанов на граѓанската трибина „на Прав пат“ во Делчево.