НУКЛЕАРНА БОМБА НА ЗАЕВ: НАЈДОВМЕ ИНВЕСТИТОР ЗА БРАНАТА ЧЕБРЕН, ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 800 МИЛИОНА ЕВРА!!!

0
904

Премиерот Зоран Заев најави дека е планирана изградба на хидроелектраната „Чебрен“ преку јавно -приватно партнерство за што е веќе подготвен тендерот.

– Го завршивме административниот процес за подготовка за повик за јавно-приватно партнерство за изградба и за управување со хидроцентралата „Чебрен“. Проценетата вредност на проектот е од 500 до 800 милиони евра. Со капацитет од 420 мегавати, Чебрен ќе биде сериозен регионален балансер на енергетското снабдување не само за нашата земја – изјави Заев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.

Тој појасни дека изградбата на хидроелектраната ќе оди преку јавно-приватно партнерство.

– Се одлучивме за јавно-приватно партнерство за реализацијата на овој мега зафат зашто ако влезе само државата, тоа ќе повлече нов кредит. Сметаме дека тоа сега не ни е потребно и дека со приватен партнер ќе се обезбеди заокружување на финансиската конструкција. Има многу големи гиганти заинтересирани да инвестираат, верувам дека конечно ќе успееме да го изградиме овој капитален објект, но со тоа што Галиште го тргнавме од проектот, тоа ќе се гради во други поволни времиња – рече Заев.
https://youtu.be/ZpexQbwgwtk