НУКЛЕАРКА НА ОРДАНОВСКИ: КАКОВ КОШМАРЕН ДРИМ ТИМ ПРОТИВ ЗАЕВ – ХОРХЕ, МИЦКО, БРАНКО, БАЧЕВ, СПОНЗОР КАМЧЕВ!

0
727

Се чини дека шансите на Заев политички да го преживее своето, веќе прочуено, недоквакано интервју за БГНЕС нагло пораснаа, откако на теренот на домашната политичка сцена истрча најдобрата петорка во дресот на неговите доживотно огорчени непријатели.

Во центарот на овој ол-стар тим е жизнерадосно разрипаниот Мицкоски, кому среќата неочекувано му се насмева во критичен момент за неговата проблематизирана политичка кариера. На крилните позиции за пробиви и крадење топки (а и мрежички од обрачите) се прославените сениори, аболиционистот Иванов и свежо смрзнатиот Црвенковски. Во улога на плејмејкер им е тешко подвижниот и позајмен од бугарската лига Каракачанов. А крилниот бек, кој е задолжен за чување на противничката периферија, е сè уште анонимен, но брзо ќе се објави и ќе биде хит-трансфер од редовите на самото СДСМ, како изненадувачки пик на сезоната.

Не е многу за изненадување што оваа политичка селекција со години ја тренира и финансира, а ја снабдува и со разновидна „спортска опрема“, сетики еден ист клупски поддржувач, во улога на македонски бизнис-Хичкок (памтите: неговиот лик неизбежно се појавува во речиси сите поголеми бизнис-скандали во Македонија наназад неколку децении, како што Хичкок цел живот се шеташе пред камерите во своите филмови), со својата ергела на куртизани, скапо платени пропагандисти и разни асистенти од македонското подземје. Тој и во плеј-офот на претходната сезона осмисли и финансираше еден бугарско-македонски тим за рушење на Заев, ама во судиските продолженија на финалето не издржа пред налетот на разиграните македонски евро-атлантски репрезентативци и загуби пред да стигне да го подигне победничкиот трофеј во тој меч.

Пеколната атмосфера на трибините е рамносилно поделена: вообичаено уцвилените патриоти се осоколени од моментното резултатско водство на теренот – ова се нивните долго очекувани „пет минути“ – и со развиени ба

рјаци и раструбени вувузели френетично бараат победа на својот тим; подржувачите на тимот на вештиот за давање интервјуа Заев, пак, загрижено, но гласно навиваат „Дифенс! Дифенс!“…

Спортските обложувалници се уште воздржани пред да му дадат решавачка предност некому, а странските спортски скаути дремат зад резервните клупи, бидејќи им е здодевно, со оглед на тоа што добро ги познаваат главните играчи на паркетот (а и оние во Софија). Тие во детали ги знаат претходните тимови за кои играле сите ѕвезди на овој натпревар, а тактиките им се одамна апсолвирани и многу пати регионално проверени.

Колумната во целост може да ја прочитате ОВДЕ