НСДП со поддршка за Заев пред лидерската средба

0
503

Пред лидерската средба на 29 јуни, НСДП уште еднаш јасно и недвосмислено изразува поддршка на лидерот на СДСМ Зоран Заев во неговата позиција дека било какви модалитети за излез од политичката криза кои исклучуваат оставка на Никола Груевски во понеделник се неприфатли.

nsdp-logo

Извештаите на Стејт департментот и Европската комисија – Извештајот на експертската група претводена од Прибе, недвосмилено се најсилниот аргумнт кој го доби опозицијата и граѓанскиот сектор во барањето на оставка од Никола Груевски, како главен и суштински предуслов за отпочнување на темелен процес на реформи на државата.

Калкулации или компромиси околу мандатот на преодната влада, односно дефинирањето на уставното уредување на нејзинииот мандатен период пред секои парламентарни избори, треба да се уредува по поднесувањето на политичката одоговорност на Никола Груевски. НСДП уште еднаш потсетува дека опстојува на ставот дека најмалку 10 месеци е потребно за да се направи ревизија на избирачкиот список, менување на изборниот законик и со останатите детали околу подготовката на фер и демократски избори да може да очекуваме дека Македонија ќе биде подготвена за избори во април 2016 година.

Состојбите дијагностицирани во извештаите на Стејт департментот и Прибе јасно ја лоцираат политичката одговорност – Никола Груевски. Затоа НСДП смета, суштински исчекор од моменталнта атрофираност на системот може да се направи само доколку во понеделник макадонската јавност има шанса да види оставка на премиерот. За потоа, веднаш со нов Јавен обвинител да се започне брза истрага на прислушувањата и процесуирање на кривичните пријави за објавените злоупотреби на институциите на системот, како и да се утврди прецизна динамика на конкретни мерки и активности, усогласени со препораките на ЕУ, кои треба да ја вратат Македонија на европскиот демократски колосек.