НСДП: По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори, 6-те изборни единици да бидат заменети со една

0
638

„Длабоката политичка криза во која се наоѓа Македонија не само што зборува за високиот степен на криминализација и корумпираност на институциите на системот, туку го разоткрива и високиот степен на дефицитарност на политичкиот плурализам. Борбата на различни политички идеи, ставови, мислења за уредувањето на политичките процеси и институции во државата е ограничена во рамки на политичикото делување на четирите најголеми политички парти, што се покажа и со преговорите во Пржино кој се водеа далеку од очите на јавноста.

Македонија се наоѓа во политички момент од историско значење во кој претставниците на криминалот и корупцијата јасно се идентификувани и препознатливи,  изборот кој се наоѓа пред граѓаните е јасен – демократска Македонија во која сите злоупотреби на власта ќе бидат правно санкциониран или авторитарна Македонија во која ќе продолжи да царува мафијата. Линијата на разграничување е поставена, Груевски и неговите поддржувачи, од една страна, и сите слободоумни граѓани водени од желбата за слобода и демократија од друга страна. Во оваа насока, НСДП смета дека е потребна сеопшта политичка мобилизација на сите политички партии кои во својата агенда борбата против злото на Груевски и фамилијата е поставена како приориретна определба и цел која треба да се оствари на 11 декември.  Политичкиот амалгам на овој политички блог кој ќе го порази Груевски на парламентарните избори треба да биде и целта за повторно возобновување на политичкиот плурализам во Македонија, преку воведување на измени во Изборниот законик непосредно по изборите, со што ќе се отвори простор политичката моќ да биде дисперзирана на повеќе политички центри односно партии.

НСДП смета дека за развојот на демократијата во Македониа од круцијална важност е стожерната опозициска партија СДСМ, во пресрет на формирањето на широк опозициски фронт да понуди јасен договор или протокол со кој ќе се преземе обврска веднаш по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори да се воведат измени на Изборниот законик со кои шесте изборни единици ќе бидат заменети со една изборна единица, со гарантирани пратенички мандати за етничките заедници. На овој начин, смета НСДП, политичкиот плурализм повторно ќе заживее а институциите на системот ќе го добијат неопходниот политички имунитет кон авторитарни и криминални тенеденции на носителите на власта“, се вели во соопштението на НСДП.