Нотарска комора донираше 161.500 денари за помош во справувањето со коронавирусот

0
195

Средства во износ од 161.500 денари се уплатени на владината наменска сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот, соопштија од Нотарската комора и посочија дека за таа цел денеска со владата склучиле и Договор за доделување средства по основ на донација.

Од Нотарската комора истакнаа дека одлуката за активно вклучување во акцијата за донација и доделување парични средства за поддршка и помош во справувањето со ширење на коронавирусот, нивниот Управен одбор ја донел на 14 април, а во донацијата се вклучиле и дел од нотарите со свои финансиски парични средства на доброволна основа.

– Здравјето е сопствена, но и колективна одговорност на сите нас. Хуманоста и солидарноста немаат граници, а подадената рака е секогаш добродојдена таму каде што е потребно, стои во соопштението од Нотарската комора