По тешкиот меч на „Австралија опен“, славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, се осврна на неговите физички проблеми и објасни зошто му бил потребен тајмаут. По напорниот меч на „Австралија опен“, славниот тенисер Новак Ѓоковиќ на камерата нацрта срце и напиша „За Соња“, па победата ѝ ја посвети на девојката која беше удрена од автомобил и повредена на студентските протести во Белград. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со голема мака, во 3 сета победи против Томаш Махач во третото коло на Австралија Опен и се пласираше во четвртфиналето на првиот Гренд слем во годината.
Иако беше изморен и нервозен од тоа што работите не му одеа според планот, тој сепак на крајот на мечот го прифати фломастерот од организаторите на турнирот, па се потпиша на една од камерите што вршеа директен пренос. Тој на камерата напиша „За Соња“ и нацрта срце, а победата ѝ ја посвети на младата бруцошка од Правниот факултет.