Нов телефон со 6ГБ рам меморија од ВиВо

0
754

Додека вашите пријатели се импресионирани и задоволни со 4GB RAM кај Galaxy S7, вие покажете им го Vivo Xplay 5, првиот телефон на светот со 6GB RAM. Време е за мултитаскинг.

Vivo е кинеска компанија која полека се пробива на западот, пред се со импресивни телефони и спецификации. Во 2014-та година, Vivo Xplay 3S беше првиот телефон со QuadHD екран, но за жал немаше голема достапност во Европа. Новиот модел поседува 5,43 инчен AMOLED екран со QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели, кој е заоблен од двете страни, исто како Galaxy S7 Edge.

084907vivo-Xplay-5-1

Под хаубата се наоѓа моќниот quad-core Snapdragon 820 процесор, надополнет со импресивни 6GB RAM меморија и UFS 2.0 простор за складирање на податоци со големина од 128 гигабајти. Да, точно слушнавте!

Камерата на задната страна е со резолуција од 16 мегапиксели, поседува Sony IMX298 сензор и двотонски LED блиц, како и електронска оптичка стабилизација на сликата.