НОВ ПАРКИНГ ПРОСТОР ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП СО КАПАЦИТЕТ ЗА 60 ВОЗИЛА

0
206

Во централното градско пограчје позади просториите на Управата за јавни приходи и пицеријата „Леоне“ асфалтиран е новиот паркин простор со капацитет од 60 возила.

Паркиралиштето е на површина од 1.400 метри квадратни, а средствата за реализација на овој инфраструктурен проект кој значително ќе ја подобри состојбата во сообраќајот се од буџетот на Општина Прилеп.

Станува збор за површина која повеќе години беше руинирана, а со реализацијата на овој проект истата е инфраструктурно уредена и ќе овозможи спречување и дополнително загадување на  овој дел од централното градско пограчје.