НОВ МЕГА СКАНДАЛ НА МВР: Полициски хеликоптер разнесувал домати и пиперки во Струмица за потребите на моќник од ВМРО ДПМНЕ?!?!?!

0
1439

Прес конференција

Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица

Струмица, 16.07.2016г.

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

По вчерашната прес конференција на која јавно побаравме од министерот за внатрешни работи Митко Чавков да каже дали со хеликоптер слета на територијата на општина Струмица за приватни цели, тој се јави со писмена реакција во која бара извинување и се заканува со тужба. Друго од него и не очекувавме.

Затоа, почитуван министер во заминување, ако некој треба да се извини, тоа сте вие, затоа што граѓаните на Струмица добро знаат, добро гледаат и добро слушаат.

Ај што вчера слушнавме дека не знаете колку вработени има во институцијата на чие чело моментално стоите, очекуваме, дека знаете каде вчера леташе и слета едно од најскапите превозни средства во министерството за внатрешни работи.

Ја користиме можноста,  единствено да се извиниме господине Чавков, што не сакаме да ви помогнеме да си ја гледате работата и да ви кажеме зошто полициски хеликоптер вчера слета на привaтен имот и превезуваше раноградинарски производи.

Затоа денес, ве прашуваме, ако вчера Вие не сте биле во хеликоптерот, тогаш кој бил и што барал тој да слета на приватен имот на територијата на општина Струмица? Претпоставуваме, дека како министер за внатрешни работи тоа мора да го знаете тоа.

Граѓаните на Струмица и на Македонија имаат право да знаат каде се трошат нивните пари.